ММС

Објавено на: 01/13/21 8:36 PM

Во Србија утре ќе се вакцинираат првите илјада граѓани што се пријавиле доброволно

Првите илјада луѓе кои доброволно се пријавија да се вакцинираат против коронавирусот ќе бидат вакцинирани утре – објави ексклузивно Блиц.

Изворот на медиумот тврди дека претходните денови направена е приоритетна листа на оние што се пријавиле за вакцинирање преку порталот е-Управа.

„И тука постојат приоритети, секако. Во првата тура од илјада луѓе оние што ќе бидат вакцинирани утре се всушност најстарите граѓани“, открива изворот.

Оваа информација за Блиц ја потврдила и министерката за работа и социјални прашања, д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, која е дел од Кризниот штаб.

„Утре почнува вакцинирањето на првите илјада граѓани кои се пријавија доброволно преку порталот. Во овој момент старосниот критериум одлучи кој ќе биде приоритетен. Во прашање се граѓаните постари од 75 години кои се изразија како заинтересирани за вакцинација. Ќе бидат вакцинирани граѓаните ширум Србија“, наведува министерката.

Таа додава дека следните денови ќе биде одредена динамиката на вакцинирањето, а ќе се знае и кои се останатите граѓани што се пријавиле за вакцинација преку порталот е-Управа.

Се пријавиле 200.000 луѓе

Во текот на првите денови, интерес за вакцинацијата покажале околу 200.000 граѓани. Услугата е едноставна, се  пополнува образец каде заинтересираните оставаат име, презиме, матичен број, е-маил адреса, но и контакт телефон.

Покрај тоа, граѓаните наведуваат и детали за тоа со која вакцина би сакале да се вакцинираат. Според податоците на Министерството за здравство, на почетокот имало најголем интерес за руската вакцина Спутник 5, но сега граѓаните подеднакво се интересираат и за вакцината на Фајзер, па и за кинеската Синофарм.

Имунизацијата на српското население почна на 24. декември  со вакцината на ФајзерБионтек, а првата доза ја прими премиерката, Ана Брнабиќ.

 

Извор:   blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.