ММС

Објавено на: 01/13/21 8:14 PM

Се откажуваат резервациите на туристите во Вашингтон пред инаугурацијата на Бајден

Компанијата Airbnb ќе ги блокира или откаже сите резервации за сместување во американската престолнина една недела пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден. Оваа одлука на компанијата претставува одговор на бројните апели на локалните, државните и федералните власти, до туристите и деловните луѓе да не патуваат во Вашингтон во очи на претседателската инаугурација.

Пред два дена компанија излезе со соопштение во кое најавува забрана за резервации за сите гости кои се поврзани со насилни екстремистички групи, потврдувајќи дека сите на кои ќе им бидат откажани резервациите ќе добијат поврат на средствата – пренесува АП.

Уште од 2017. година оваа компанија со седиште во Сан Франциско воведе правило да ја блокира секоја соработка со лица кои учествувале на расистички собири во Вирџинија. Според ова, компанијата најави и дека ќе ги прекине донациите за републиканските членови кои се изјаснија против изборните резултати изминатата недела во Конгресот.

 

 

Извор: telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.