ММС

Објавено на: 01/13/21 7:53 PM

Муса Дембеле е нов играч на Атлетико Мадрид

Aтлетико Мадрид во Лион ја најде замената за Диего Коста. Поранешниот фудбалер на Селтик и француски интернационалец, Муса Дембеле, нов играч е на „јорганџиите“.

Атлетико за неговите услуги на Лион ќе му исплати 33.5 милиони евра доколку се реши да го откупи, бидејќи првичната форма на трансферот е позајмица.

Дембеле го носеше дресот на Лион во изминатите две ипол години, откако се пресели од Селтик во 2018 година. Во 108 мечеви на свое конто запиша 45 голови и му помогна на Лион да се пласира во полуфиналето од Лигата на Шампионите ланската сезона.

Некогашниот француски првак отсуството на Муса Дембеле ќе го надополни со ек-играчот на Лестер и Спортинг Лисабон, Ислам Слимани.

 

 

 

 

Фото:

Тwitter / @atletienglish

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.