ММС

Објавено на: 01/13/21 6:55 PM

Мицкоски: Владата за своите во Штип е мајка, а за народот во Вевчани маќеа

Владата за своите во Штип е „мајка”, а за народот во Вевчани „маќеа”, вака реагираше попладнево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако полицијата упадна на карневалот во Вевчани за да го растури собирот.

Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада. Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, а на народот му забранува да организира карневал зошто тој е критика за Владата. Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ… Народе, добро запамети го овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта – вели Мицкоски во својот статус на социјалната мрежа Фејсбук.

Претходно од партијата на чие чело стои тој, реагира со писмено соопштение тврдејќи дека полицијата ја немало нигде кога од СДСМ ги славеле изборните резултати од неодамнешните локални избори во Штип.

Зоран Заев и полицијата никаде ги немаше кога во Штип славеа на јавен простор и по кафаните функционерите на СДСМ и нивните пајташи, ама затоа се брутални со вевчанци. За Заев не е проблем кога се собираат владините функционери кои кршат мерки и на нив не смее ни да помисли да им прати специјална полиција, но затоа кога се граѓаните во прашање се фаќа за пендракот и удира, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.