ММС

Објавено на: 01/13/21 6:27 PM

Кривична пријава за скопјанец кој превезувал повеќе патници одошто дозволеното

Четириесет и петгодишен скопјанец заработи кривична пријава – соопшти попладнево МВР. Пријавата ја поднела гостиварската полиција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Имено, пријавениот бил вработен како возач во приватно правно лице во сопственост на Г.С. од Дебар и на 01.11.2020 со минибус „фолксваген” вршел транспорт на патници, при што имало повеќе патници од дозволените. Со ова, тој постапил спротивно одлуката на Владата за спречување на внесување и ширење на коронавирусот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.