ММС

Објавено на: 01/13/21 6:16 PM

Граѓаните кои не сакаат да плаќаат патарини на новиот автопат нека патуваат преку Велес или по регионални патишта, вели Бочварски

По мноштвото реакции во јавноста за високата цена на патарините кои веќе од идниот месец ќе почнат да се градат на автопатот Скопје-Штип, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска посочи дека граѓаните секогаш имаат и друга можност да ги избегнат патарините – да патуваат преку Велес или по останатите регионални патишта.

– Се работи за регулатива донесена со одлука на Влада и таа има свој правилник за како и колку се наплаќаат патарините. Можам да информирам дека тоа изнесува 2,57 денари по километар. Дали се работи за еден или друг автопат, цените се исти. Можете сите едноставно да пресметате, а секако автопатиштата се начин за побрзо и побезбедно движење на граѓаните. За да траат подолго потребно е да се плаќаат патарини и да се одржуваат. Граѓаните од источниот регион секако имааат можност да патуваат преку Велес, по друг тарифник јас би рекол, или пак преку постоечките регионални патишта каде што воопшто нема патарини, рече Бочварски.

Според него патарините во земјава се со релативно ниски цени во споредба со оние од регионот, а  за да имаме квалитетна инфраструктура патиштата мора да се одржуваат. Цените вели тој, значат и поквалитетни патишта.

Двете нови поставени патарини, едната кај Преод, а другата кај Кадрифаково, ќе ги чинат граѓаните 120 денари.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.