ММС

Објавено на: 01/13/21 5:45 PM

Во куќа во Битола пронајдена е почината грчка државјанка

Во куќа во Битола вчера била пронајдена почината К.Г.(87) од Република Грција, со привремен претстој во Битола.

Во СВР Битола случајот бил пријавен на 12 јануари во 19.40 часот – соопштија попладнево од МВР.

Лекар на Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.