ММС

Објавено на: 01/13/21 4:49 PM

(ФОТО) Објавиле потерница на Фејсбук, а жените „полуделе“ по криминалецот

Полицијата од австралиската држава Викторија објави фотографија на која се бара криминалец на Фејсбук. Сепак, тие не очекуваа такви реакции во коментарите.

Џес Мабилија, кој го прекршил судскиот налог, станал „барана личност“, а за полесно да дојде до него, полициската станица одлучила да ја открие фотографијата, за некој да им соопшти дали знае каде се крие криминалецот.

Она на што најверојатно не сметале се коментарите во кои жените се повикувале на физичкиот изглед на бегалецот.

„Се надевам дека ќе го најдам на Тиндер пред да го пронајде полицијата“, „Ако бев барем 40 години помлада“ и „Ова е новиот Кристијан Греј, само што сега ќе носи лисици“, се само дел од коментарите.

Jess is wanted on warrant for contravening court orders.

The 28-year-old is known to frequent the Mornington Peninsula, Frankston, Bass Coast and Geelong areas.

📞 Crime Stoppers on 1800 333 000

Posted by Victoria Police on Wednesday, January 6, 2021

Преземено од: https://www.b92.net/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.