ММС

Објавено на: 01/13/21 4:41 PM

Лозинка вредна 240 милиони долари: Програмер би можел да загуби цело богатство ако не го „отклучи“ дигиталниот паричник

Стефан Томас не е единствениот кој заборавил лозинка, но е еден од ретките кои таа заборавеност ги чинела милиони долари. Имено, Томас имал само две шанси за да дојде до богатство од 240 милиони долари. Толкава била вредноста 7002 биткоини кои овој програмер од Сан Франциско ги добил пред десет години како награда затоа што снимил видео на кое објаснува како функционира крптовалутата.

Во тоа време кога го стигнал „подарокот“, биткоините вределе два до шест долари по парче. Тој ги спакувал во својот „дигитален паричник“ и заборавил на нив. Сега секој биткоин вреди 34 илјади долари, а содржината на ваквиот дигитален паричник е проценет на 240 милиони долари. Меѓутоа, томас ја заборавил лозинката со која треба да се отклучи неговото богатство – пишува Гардијан.

Томас кој е роден во Германија, веќе осум пати внел погрешна лозинка, а ако згреши уште два пати, дискот кој ги содржи неговите приватни клучеви од биткоините ќе биде заклучен и парите никогаш нема да ги добие.

Цената на биткоинот минатата недела достигна вредност повисока од 40 илјади долари. Томас за медиумите изјавил дека се обидел од своите осум најчесто користени лозинки за пристап во својот хард-диск, но сите биле погрешни.

„Само лежев во кревет и размислував за тоа. Тогаш ќе отидев до компјутерот и ќе се обидев со некоја нова стратегија, но кога и тоа не успеваше повторно бев очаен“, изјавил тој за Њујорк тајмс.

Кога за ова се дознало за јавноста, Томас веднаш почнал да добива совети. Експертот за интернет безбедност, Алекс Стамос изјавил дека би можел да ја „пробие“ лозинката во рок од шест месеци доколку добие 10 проценти од дигиталното богатство.

 

Извор:     nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.