ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/18/18 11:22 AM

СКСЗМ бара одложување на примената на законот за спречување на перење пари

Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот ќе има негативно влијание врз бизнисот во Македонија, многу од компаниите кои се микро, мали и средни нема да можат да ги имплементираат одредбите во целост, сметаат од Стопанската комора на Северозападна Македонија и бараат неговата примена да се одложи на неодредено време.

– Бараме да се консултираат бизнисите за вакви чувствителни закони за бизнис-екосистемот и да не се донесуваат закони со скратена постапка, да се направи детална анализа како тие може да има влијание врз сите во реалниот живот, да се тренираат компаниите за новите измени кои ќе следат како резултат на транспонирањето на Директивата 2015/849 и да се информираат граѓаните и бизнисите како ќе функсионира овој систем, рече извршниот директор на Комората Дрилон Исени.

Тој вели дека не се против транспонирањето на Директивата 2015/849 за спречување на употребата на финансискиот систем со цел перење пари и финансирање на тероризам, но сметаат дека Законот, кој стапи во сила на 7-ми овој месец треба да биде во согласност со неа. Тоа рече, не е случај бидејќи Министерството за финансии се определило за порестриктивен пристап за целите кон кои се стреми оваа директива.

– Тука се предвидува забрана за плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 2.000 евра или повеќе, додека во Директивата истата забрана е определена во износ од 10.000 евра или повеќе, рече Исени.

Тој вели дека ова драстично намалување од 15.000 на 2.000 евра ќе го отежни правењето на бизнис во земјата.

– Овој наод е земен од основ на анкетата реализирана од Канцеларијата за истражување и анализа во СКСЗМ, каде што од резултатите, 86,7 отсто од членките сметаат дека оваа промена на законот ќе биде штетна во правењето бизнис, рече Исени.

Според него, додека се бориме за минимизирање на неформалната економија на ваков начин може да се придонесе за нејзино уништување.

– Тоа не е во интерес на земјата бидејќи значајно е неформалното да се направи формално и да се натпреваруваат на пазарот со сите други учесници и секако да ги плаќаат даноците, а не да се уништуваат, потенцира тој.

СКСЗМ направила анализа на законодавството на ЕУ и на земјите кандидати и таму јасно се гледа дека Македонија не се послужила со практиката на ЕУ, бидејќи таму максималниот износ на плаќање со готовина ја достигнува вредноста од 10.000 евра.

Според него, проблематично во законот е и тоа што со него приредувачите на игри не се обврзани плаќањата на клиентите да ги вршат преку банкарски сметки, што како што потенцира претставува потенцијална опасност за перење пари.

Потешкотиите во примената на овој закон ќе бидат присутни и во делот на формализацијата на постапките за подготвување на проценките на опасностите што произлегуваат од перењето пари и финансирањето на тероризмот, мерките за анализа на клиентите и идентификација. Проблем, според него се и високите глоби предидени за неисполнување на одредбите што се движат од пет до 30 илјади евра.

 

Извор:МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1