ММС

Објавено на: 01/13/21 4:11 PM

(видео) Само шест години има седмиот најбогат јутјубер во светот

Има само шест години и можеби сè уште не сфатила како функционира училиштето, но Анастасија Раџинскаја веќе има изградено големо богатство кое постојано расте. Ова го потврдува списокот на Форбс за 2020 година, кој ја рангираше на седмото место на најбогатите јутјубери во светот.
Шестгодишната Настја 2020-та година ја заврши со профит од 18,5 милиони долари. Малото деловно девојче се роди како ѕвезда на „Јутјуб“, но се прошири и на другите социјални мрежи. На пример, на „ТикТок“ има 3 милиони следбеници, додека на „Инстаграм“ објавува многу промотивни материјали.
Според „Форбс“, видеата на нејзиниот канал на „Јутјуб“ „Како Настја“ се забавни, шарени и „живи“ доволно за да можат да ги гледаат луѓе од сите возрасти. Таткото Јури е исто така вклучен во многу од нив, но е засенет од неговата мала ќерка.
Настја живее во Флорида со нејзиното семејство, на кое со своите шест години му донесе лагоден живот и високи суми во банка.

pink.gr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.