ММС

Објавено на: 01/13/21 4:09 PM

Договорениот тутун на Далија ќе го откупи ТК Прилеп а вишокот тутун ќе се откупува после 15 февруари

Прилепскиот тутунски комбинат ќе го откупи договорениот тутун од Далија Табак кој заради необезбедени пари не успе да го почне откупот за што вчера тутунарите од струмичко протестирааа. Ваков договор е постигнат на денешниот состанок со министерот за земјоделство Арјанит Хоџа со тутунарите и откупните компании. ТК Прилеп ќе мора во наредниот период да се организира околу откупот. Станува збор за околу 440 тони тутун за кои Далија имаше склучено договори но не ги отвори вратите на откупните пунктови

,, ТК Прилеп ќе ги откупи договорените количини на Далија Табак. Самите ќе треба да се организираат во врска со превземање на договорите и начинот и динамиката на откуп“, информираа по денешната средба од министерството за земјоделство.

На денешната средба било договорено вишокот на тутун да се откупи после 15 февруари, а тутунарите ќе мора да ги пријават своите вишок количини во министерството за земјоделство.

,,На денешната средба беше договорено сите тутунари својот вишок да го пријават во подрачните единици на министерството за земјоделство за да може откупните компании да се организираат. Дадоа ветување дека ќе биде превземен сиот тутун од ланската реколта“, кажа Менде Стоманрски претседател на Сојузот на тутунари кој кажа дека во наредниот период ќе се зголеми и динамиката на откуп.

Ване Трајков


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.