ММС

Објавено на: 01/13/21 3:52 PM

Дали Чак Норис помогна на толпата да влезе во американскиот Конгрес?

Славниот  Чак Норис мораше да официјално негира гласините дека тој бил присутен во нападот на Капитол Хил минатата недела, по објавувањето на фотографијата на човек кој, е многу сличен по лик со Норис.

Холивудската ѕвезда се објаснуваше на Твитер, појаснувајќи: „Неодамна дознав дека во немирите во Капитол бил некој како Чак Норис. Не бев јас, не бев таму. Ниту еден вид насилство не се вклопува во нашето општество. Јас сум и секогаш ќе бидам на страната на редот и законот “, напиша Норис.

„Тој останува во Тексас со своето семејство“, рече публицистот Ерик Крицер, кој призна дека има сличности меѓу двајцата, но, побрза да посочи дека „Чак е многу поубав“.

80-годишниот актер во минатото отворено зборуваше за своите политички ставови. Тој е член на Републиканската партија и во 2016 година го поддржуваше Доналд Трамп во неговата предизборна кампања. На изборите во 2020 година, сепак, неговата поддршка за Трамп, изостана.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.