Медицинската сестра, Нашиде Емини (1961-2021) која долги години бeше дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје ја загуби битката со коронавирусот. За ова денеска информираше Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.
„Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа“, велат од Здружението.
Унијата заедно со целото членство изразува длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски – се нагласува во објавата на Фејсбук.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.