ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/13/21 12:55 PM

Откриени 124 странски државјанки кои лани непријавено работеле во полошкиот регион

Во контролните активности на полицијата за откривање странски државјани, кои непријавено престојуваат и работат, минатата година на тетовско-гостиварското подрачје биле откриени 124 женски лица. Тие главно непријавено престојувале и работеле пред сè во угостителски објекти или го злоупотребиле туристичкиот престој

Од СВР Тетово посочуваат дека во 2020 година реализрале редовни и акциски контролни активности за откривање и законско санкционирање на ваквите дела.

Во овие активности вкупно биле откриени вкупно 124, претежно женски лица. Од нив најмногу биле откриени на тетовското подрачје (99), а престанатите 25 на гостиварското

Според потеклото од нив 41 се државјанки на Република Србија, 38 од Република Албанија, 13 од Република Косово 9 од Украина . По седум државјанки од Република Бугарија, од Босна и Херцеговина и Русија, а меѓу откриените имало и по една државјака на Молдавија и Шведска.

Според анализата на СВР Тетово, најмногу од откриените странски државјанки  лани биле ангажирани како пејачки, танчерки или придружнички. Најголемиот дел од нив го злоупотребиле туристичкиот престој, а некои од нив и непријавено престојувале на подрачјето.

Во активностите кои полицијата ги споровела, на сите изготвени им се соодветни поднесоци и се соочиле со законски предвидените санкциии: парични глоби и со депортирање во нивните матични држави.

(З.Г.М.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7