ММС

Објавено на: 01/13/21 11:46 AM

Приведен гостиварец: Синоќа во два наврата тепал девојка

Дваесетгодишен гостиварец синоќа е лишен од слобода откако бил пријавен дека во два наврата тепал девојка и најверојатно ќе биде осомничен за физичко насилство.

Според СВР Тетово, вчеравечер (12 јануари) околу 22 часот и 45 минути на улица „Ленинградска“ во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.М. (20) од Гостивар. Тој, претходно во два наврата на улиците „Мара Угринова“ и „ЈНА“ во Гостивар, физички ја нападнал гостиварката А.М. (22) од сè уште непознати причини.

М.М. е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.

(З.Г.М.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.