ММС

Објавено на: 01/13/21 10:31 AM

Фасцинантен призор: Камион транспортира 70-метарско крило од ветротурбина

Камионите речиси секогаш транспортираат работи помали од нив. Исклучоците се многу ретки. Еден таков е овој фасцинантен призор. Камион превезуа речиси 70 метри доло крило од ветротурбина. Сликите на Твитер на Ketan Joshi изгледаат надреално, како да им се противат на сите закони на физиката, пренесува РТС.

За превоз на крилата на ветротурбината се погрижила шпедитерската компанија P.Adams Schwertransporte со седиште во Луксембург, а фотографиите од потфатот предизвикаа големо интересирање на социјалните мрежи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1