ММС

Објавено на: 01/13/21 10:16 AM

Тага и песна на традиционалниот Василичарски концерт

Маски, дистанца и полупразна сала, вака вчера вечерта изгледаше Македонската опера и балет, каде се одржуваше традиционалниот Василичарски концерт, годинава насловен „Бест оф“, бидејки се пееја најголемите хотви од претходните години. Тажна беше сликата на овој концерт, кој во нормални времиња беше преполн и се бараше карта повеќе. Но, „новото нормално“  ја разретчи публиката која во мал број седеше преку пет празни столчиња, почитувајки го протоколот за заштита од корона.

Но, не беше само тажна сликата во публика, туку и на сцена. Најголеми емоции предизвика настапот на Огнен Здравсковски, кој песната „Дупла вотка“ ја посвети на н еговиот вујко, прерано починатиот маестро Зоран Џорлев. „Кај и да си еден ден ќе сватиш, јас сум тој што чека да се вратиш“, пееше Огнен и погледнуваше кон небото, за што добо голем аплауз.

На сцената се појавија и Биба Додева, Дани Димитровска, Андријана Јаневска, Горан Наумовски, Наде Талевска,  и младата Ана Петановска.

Со оркестарот диригираше Бисера Чадловска, а придружни вокали беа Сара Пројковска и Ана Костадиновска.

Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.