ММС

Објавено на: 01/12/21 6:22 PM

Магла на патните правци Маврови Анови-Бунец и Тетово-Лисец

Намалена видливост поради магла има на патниот правец Маврови Анови – Бунец и на патот Тетово-Лисец.

Од јавното претпријатие „Македонија пат” информираат дека видливоста на патот Маврови Анови-Бунец е од 10 до 20 метри, а на патот Тетово-Лисец до 20 метри.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.

Се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.