ММС

Објавено на: 01/12/21 12:42 PM

За Инфективна имам многу да раскажувам – Пејачката Елена Петреска по 14 дена борба со корона се врати дома

Пејачката Елена Петреска почуватвува што значи борба со ковид-19 и по 14 дена поминати во болница се врати дома. Таа своето искуство го пренесе на Фејсбук и најави дека деновиве преку видео ќе раскаже како поминала на Инфективна.

-Конечно дома после 14 дена на Инфективна поради ковид. Благодарам на Бог што се помина добро! Благодарна сум што си ги гушкам моите најмили!  Се чувствувам како повторно да сум се родила! Најискрено од срце се заблагодарувам на целиот медицински персонал од Инфективната, тие се моите херои за кои имам многу да раскажувам, зошто ако ништо друго барем тоа им го должам, да знаат сите што значи нивната посветеност и пожртвуваност во овие тешки времиња! Сакам да ви кажам дека ја видов вистинската слика за тоа што значи оваа пандемија, која во целост ке ви ја пренесам деновиве преку видео, во кое ке  раскажам за ова мое искуство со надеж дека ке допре онаму каде што е потребно. И морам да кажам, иако секогаш сум ги почитувала правилата, дека  зборовите на министерот за здравство Венко Филипче во целост имаат значење од оваа перспектива, напиша Елена.

 

Konecno doma posle 14 denovi na infektivno zaradi kovid.
Blagodaram na Bog sto se pomina dobro!🙏🙏🙏
Blagodarna sum sto…

Posted by Elena Petreska on Monday, January 11, 2021


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.