ММС

Објавено на: 01/12/21 9:46 AM

Прокоцкал 400.000 евра: Уапсен Хрват што собирал донации за болната сопруга

Загрепската полиција уапсила 37-годишен маж кој е осомничен дека со измама стекнал 3,1 милионi куни (нешто повеќе од 400.000 евра). Како што објавуваат хрватски медиуми, се работи за Дино Љутиќ, кој неколку години со разни акции ги молел граѓаните да донираат пари за неговата болна сопруга.

Истражен судија пред десетина дена му определил притвор поради опасност од повторување на кривичното дело. Како што наведува Државното обвинителство, тој е осомничен за измама и перење пари. Парите што ги собирал од физички и правни лица ги трошел за сопствени потреби и ги уплаќал на свои сметки, а за да го прикрие нивното потекло ги трошел и во игри на среќа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.