ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/12/21 9:41 AM

Експлозија во кинески рудник: Заробени 22 рудари, не се знае на која длабочина

Најмалку 22 рудара останаа заробени по експлозија во рудник на истокот на Кина, соопштија кинеските власти.

Рударите се заробени 48 часа во рудник за злато во изградба во областа Шандонг. Комуникацијата со рударите е прекината и не е познато на која длабочина се наоѓаат, соопштија синоќа од спасувачките екипи.

Несреќи во кинеските рудници се случуваат често, главно поради недоволно почитуање на прописите, пренесува „Вијести.ме“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7