ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/18/18 10:24 AM

Основните училишта „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“ ќе добијат нови подови

 Општина Аеродром почна со реконструкција на подовите во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“.

Старите подови се заменуваат со нови еластични ПВЦ подови во училниците и кабинетите каде се одржува настава, за што општината издвои околу 2 милиони денари од сопствениот Буџет.

Во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се реконструира подот во холот на училиштето, со средства обезбедени од самото училиште.

 

Извор:МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1