Попладнево изби пожар во објект со апартмани на Златибор. Српските медиуми пренесоа дека пожарникарите веќе се на местото на настанот, а огнената стихија успеала да го зафати и поткровјето на објектот кој гори.
„Седевме и ручавме кога се почувствува чадот, набрзина излеговме надвор и видовме што се случува“, изјавија за Srbija danas гости во ресторанот сместен во запалениот објект.
Според нив, кровот на објектот е целосно изгорен.
Извор: srbijadanas.com