ММС

Објавено на: 01/11/21 1:17 PM

Поплави на Балканот по неколкудневните врнежи

Поројниот дожд во последните денови, а некаде и снегот, предизвикаа поплави во регионот, особено во Србија ,Косово, Албанија, Црна Гора.

По непрекинати тридневни врнежи, утрово на југот од Србија граѓаните во повеќе населени места се соочуваат со поплави предизвикани надојдените потоци и реки. Особено сериозна е состојбата во околината на Лесковац, Владичин Хан, Бујановац и Дољевац, каде под вода се наоѓаат куќи, улици и ниви.

Под автопатот на патниот правец Врање – Бујановац под вода се големи површини обработливо земјоделско земјиште. Некаде се активирани спасувачки екипи кои со чамци ги посетуваат загрозените семејства.

Албанските власти, пак, соопштија дека војници доставувале храна и вода до семејствата во северозападниот дел на земјата, кои биле отсечени со вода.

Педесетина семејства биле евакуирани и оти околу 20 домови поради оштетените куќи. Кај Драч и Скадар се поплавени големи површини обработливо земјиште, имало паднати мостови во некои села, а и патишта кои се блокирани поради лизгање на земјиштето. До неколку села може да се дојде само со теренски возила или со чамци.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.