ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/18/18 10:17 AM

Насловна Македонија МЗШВ: Новите концесии гарантираат заштита на рибите во риболовните води МЗШВ: Новите концесии гарантираат заштита на рибите во риболовните води

Владата на вчерашната седница донесе одлуки за почнување постапки за доделување концесија за повеќе риболовни води.

– Со доделувањето на концесиите на рибите од риболовните води се овозможува користење на рибите преку одржлив развој за стопански, рекреативен и спортски риболов, односно вршење стопански риболов, информира денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Почнатите постапки за доделување концесии на рибите за органзирање рекреативен риболов се однесуваат на рекреативните зони на Охридското и Дојранското Езеро,  Црна Река 1–демирхисарски, Црн Дрим 2, Злетовска Река, Треска 1 – Кичевски и Акумулација Матка, а за вршење стопански риболов на риболовните подрачја Охридско и Дојранско Езеро.

МЗШВ соопшти дека стопанисувањето со рибите е детално уредено во Риболовните основи за одделните риболовни води кои преставуваат стручни судии за начинот на стопанисување со рибите и гарантираат одржливо користење и заштита на рибите.

Риболовната основа за риболовната вода Охридско Езеро во почетокот на 2018 година, како што се наведува, е изменета во правец на целосна заштита и одржливо користење на рибите во езерото. Направени се измени во делот на утврдување на периодот на мрест и времето во кое е дозволен риболовот и детално се уредени специфичните локации на мрест на рибите, особено за охридската пастрмка, охридската белвица и крапот.

– Пради одржување на популацијата намалени се количините на дозволен улов на видот охридска белвица. Направени се измени кои ги задоволуваат потребите на рекреативните риболовци, а со тоа и развојот на риболовниот туризам. Значајно е тоа што во оваа постапка за доделување концесија на рибите од риболовната вода Охридско Езеро се доделуваат на користење според овие измени, стои во соопштението.

Рибите од риболовните ревири и рекреативните зони за организирање рекреативен риболов, како и за вршење стопански риболов се доделуваат на концесија за период од шест години, по пат на јавен повик согласно Законот за рибарство и аквакултура и Законот за концесиии и јавно приватно партнерство.

 

 

Извор:МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1