ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/18/18 10:14 AM

Се’ за храна: Зелена салата со шунка, кашкавал и прелив од јогурт и мајонез

Летото е период кога тешките и калорични јадења кои изобилуваат со месо треба да се заменат со свежи намирници, сочно овошје и лесни салати. Нам особено ни се допаѓаат салатите кои можат да заменат целосен оброк.

Направете ја штом ви се најават гости или пак почестете се со убава салата, подобра од рестораните. Интересен е преливот кој се прави со неколку состојки, како мајонез, јогурт и кечап. Би рекле, вреди да се проба!

Состојки:

  • ½ зелена салата (марула, ајсберг)
  • друга свежа зелена салата по желба (рукола и слично)
  • ½ краставица
  • 10-15 шери домати
  • 150-200 грама шунка
  • 150-200 г кашкавал
  • 3-4 варени јајца
  • маслиново масло.

За прелив:

  • 80 г мајонез
  • 80 г јогурт
  • 1-2 лажички винска киселина
  • 1-2 лажици мед
  • 2 лажици кечап
  • 1-2 лажички црвена пипер
  • сол и црн пипер по вкус.

За сервирање:

  • кубети или двопек
  • мајчина душица.

Подготовка:

  1. Најпрво подгответе го преливот. Во длабок сад измешајте ги јогуртот, мајонезот, винската киселина, кечапот, медот и црвената пипер. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
  2. Потоа, темелно измијте ја салатата и исечете ја на покрупни парчиња. Дробената салата ставете ја во длабока чинија за сервирање, прелијте ја со две лажици од претходно подготвениот прелив и добро промешајте ја.
  3. Исечкајте ја и другата зелена салата и додајте ја во садот.
  4. Краставиците и доматите темелно измијте ги и исечкајте ги, па и нив додајте ги во садот со зелена салата.
  5. Шунката и кашкавалот исечкајте ги на коцки и додajте ги во салатата.
  6. Јајцата исечете ги на четвртинки и наредете ги на околу во чинијата. Вака наредената салата полијте ја со маслиново масло и поросете ја со сол и црн пипер по вкус.
  7. Додадете од претходно подготвениот прелив по ваш вкус и украсете ја салататa со кубети или парчиња двопек и мајчина душица. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска

 

 

 

Преземено од:sezahrana

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1