ММС

Објавено на: 01/10/21 11:57 AM

Запросување над рушевините: Ја запросил девојка на место каде за малку ќе го загубеше животот за време на земјотресот во Петриње

Минатата година имав намера да ја запросам Ана, сето тоа требаше да биде божествено и убаво,  како што заслужув. Одбрав место и го чекав вистинскиот момент, а потоа  се случи земјотресот, па идејата падна во вода, вели триесет и двегодишниот Дејан Јаданиќ од Петриња.

Тој ја запроси својата девојка, дваесет и шестгодишната Ана Крзнаревиќ врз урнатините, на местото каде што за малку ќе го загубеше животот, пред Здравствениот дом во Петриња.

Тие се запознале пред четири години токму на денот на нејзиниот роденден во продавницата, каде што работела. По неколку месеци станале дечко и девојка и од тогаш  се постојано заедно.

Дејан работи како медицински техничар во Здравствениот дом Петриња веќе тринаесет години, а по последниот земјотрес на 29 декември едвај  успеaл да спаси жива глава. Сега и двајцата волонтираат и им помагаат на жртвите од земјотресот, така што ретко се гледаат поради работаta.

„Ние едноставно не знаеме што ни носи животот и што ни носи утрешниот ден. Може лесно да се повредиме – изјавил Дејан

„ Така, во четвртокот вечерта, разговарајќи со мојот најдобар пријател Марко, решив да ја запросам  Ана веќе следниот ден, бидејќи сфатив дека нема смисла да се чека вистинскиот момент. Секој момент е важен – изјавил тој за 24часа.

Бидејќи одлуката да ја запроси Ана се случи речиси преку ноќ, Дејан брзо морал да најде златар.  Да се најде златар во Петриња во целиот овој хаос се чинеше како невозможна мисија, па тој контактирал со колега кој има продавница за накит во Сисак и, откако ги слушна неговите намери, веднаш му ја отворил вратата. Прстенот го добил во петокот наутро, а вечерта веќе бил на раката на Ана.

„ Знаете, ние девојките тоа го претчуствуваме, но овој пат не претпоставив што се случува. Тој  вечерта само ми рече дека треба да одиме во Здравствениот дом да земеме некои работи. Пријатели нè чекаа таму, а Дејан се преправаше дека бара нешто на подот. Иако не знаев што бара, барав со него. Потоа во еден момент тој ја тргна кацигата, клекна на колена, го извади прстенот и тоа беше тоа. Секако дека реков да! – раскажа Ана со насмевка на лицето.

Тој ја запроси на остатоците од урнатините пред Здравствениот дом, на скалите каде за малку ќе го загубеше животот. Ана признава дека никогаш нема да може да му се заблагодари доволно, што дури и во овие тешки моменти успеа да го разубави нејзиното хаотично и тажно секојдневие.

 

24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.