ММС

Објавено на: 01/9/21 12:48 PM

Се’ што беше проблем пред кризата сега ескалира: Професорот Треновски предупредува дека неизвесноста се’ уште постои

Во Македонија дури во 2022. година ќе се освежиме и ќе тргнеме понатаму. Но, економијата е пресудна и за заздравувањето и за надминување на оваа пандемија.  Ниедна влада не се осуди да ја занемари економијата – порача универзитетскиот професот, Борче Треновски кој денеска гостуваше во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Тој истакна дека токму економијата е сржта на егзистенцијата на граѓаните, поради што е неопходна за справување со каков било проблем.

„Економијата ве храни кога сте во пандемија или каква било друга криза. Ова е војна со невидлив непријател, нема да знаеме да победиме ако не го знаеме капацитетот на економијата“, додаде Треновски.

Одговарајќи на прашањето дали се’ уште е рано да ги согледаме ударите од пандемијата, тој појасни дека ударите не се воопшто мали доколку се направи споредба со другите кризи што ги имале во историјата.

„Во Македонија точно е дека имавме поголеми  проекции за економскиот пад, но не можевме да го предвидиме рационалнто однесување на луѓето. Не можевме да предвидиме како ќе реагираат и бизнисите, бизнисот е сега постабилен, а сепак имаме поголеми бројки на заразени. Во секој случај, допрва доаѓа тешкото. Од фискалниот простор голем дел е потрошен, ќе треба да влечеме и други средства да ги стимулираме  бизнисите“, изјави професорот од Економскиот факултет при УКИМ.

Тој смета дека требало порано да се предупреди дека се’ она што ќе се потроши, ќе треба и да се врати. Според него, требало да се воведе таканаречен корона-данок.

„Бизнисмените со кои јас дебатирав за ова, беа за таков данов бидејќи им требаше помош. Затоа очекувањето е најважно. Почнавме лабаво, па ги променивме одлуките, стратегиите и така натаму.  Влеговме во еден вртлог. Се’ што беше проблем пред кризата, сега ескалира. Партиите се препукуваа и во криза не може да лекувате нешто што постои од претходно. Видете ги мерките само, целата неефикасност се виде со ова. Пробавме да го затскриеме тоа, но не успеавме.

Требаше да бидеме посамокритични бидејќи можевме да постапиме многу подобро“, изјави професорот кој се осврна и на влијанието на глобализацијата.

„Глобализацијата ни покажа дека никој не може сам, видете ги сите текови (на информации, трговски текови, движењето на луѓето, мешањето и така натака). Сакаме или не, ќе мора да се преструктуираме“, предупреди Треновски.

При тоа, тој забележа дека пандемијата го промени пристапот како до јавните, така и до приватните услуги.

„Колку бргу ќе се враќаме назад, останува да видиме. Во однос на тоа кои професии ќе исчезнат, има контроверзни резултати особено кога е во прашање работата од дома. Некои велат дека тоа нема да опстои и ќе има нус појави, според други пак, работите поврзани со физичка активност, пополека исчезнуваат“, изјави Треновски.

„Сепак, политичарите не можеме да ни ги смениме. Но , она што ќе се актуелизира е работата од овде за странски држави, ако часот тука е 7 или 8 евра, во скандинавските земји е 70 евра. Со глобализацијата може да работите од каде било.  Локалното станува глобално,  но некои професии ќе мора да се пренасочат за да може да успеат во овој период“, објасни професорот кој одговори и на прашањето каде ќе треба да се насочиме како држава.

Тој нагласи дека неизвесноста се’ уште постои и токму поради тоа ќе треба зајакнување на мерките.

„Не треба да сме наивни. Прво е важно здравјето на граѓаните, а потоа на економијата. Луѓето треба да се здрави, за бизнисот да функционира. Фискалната политика на државата треба да се  прилагоди и потребно е исто така, преструктуирање во фискалниот систем.  Важна е поддршката за бизнис секторот, но таа стреба да е прилагодена на поголемите и помалите компании. Човечките ресурси треба да ги зајакнеме, за да може да имплементираме стратегии“, порача професорот во емисијата „Стадион“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.