Полициски службеници од Гази Баба, Единицата за интервентна полиција и ПО Арачиново во соработка со Државниот пазарен инспекторат во 21,20 часот извршиле контрола во чајџилница во с.Арачиново – соопшти денеска МВР.
Тие констатирале дека објектот работи и има повеќе гости. Во чајџилницата е затекнат и сопственикот А.Б. (25) од с.Арачиново и тој е приведен во ПО Арачиново.
По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од КЗ. Објектот е затворен од инспектори на ДПИ – информираа претпладнево од МВР.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.