Замрзнато езеро во Турција и зимава претворено во вистинско лизгалиште
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/8/21 11:01 PM

Замрзнато езеро во Турција и зимава претворено во вистинско лизгалиште

Замрзнатото езеро на браната „Гокчедере“ со својот фасцинантен и живописен пејзаж во североисточната турска област Бајбурт ги привлекува оние што сакаат да лизгаат на мраз во текот на зимските месеци, пишува агенцијата Анадолија (АА).

Површината на езерото, што е формирано за земјоделско наводнување и за риболов во градот Гокчедере, во областа Демирозу, замрзнува секоја година за време на суровата зимска сезона.

Градот нема лизгалиште, но младите го претвораат замрзнатото езеро во лизгалиште и уживаат во лизгањето на мразот, некои со своите лизгалки, а други само со чевли.

Градоначалникот на Бајбурт, Јавуз Бакир, за Агенција Анадолија изјави дека се среќни што езерото и неговата околина, кои привлекуваат многу туристи во текот на летото, стануваат исто толку привлечни за младите кога температурата паѓа под точката на мрзнење.

„Се надеваме дека штом завршиме со изградбата на планираните објекти овде за летната сезона, ќе имаме можност да изградиме и лизгалиште, што исто така ќе придонесе за туризмот“, рече тој.

Бакир истакна дека дебелината на мразот не е на очекуваното ниво и дека оваа година е потенок во споредба со другите години поради сушата, и додаде дека со затворениот систем за наводнување, што ќе го имплементираат, ќе биде можно да се достигне потребното ниво на дебелина со одржување на водата на посакуваното ниво.

 ( Beşir Kelleci – Anadolu Ajansı )

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7