ММС

Објавено на: 01/8/21 7:16 PM

Снежна покривка речиси насекаде во Србија

На речиси сите патишта во Србија, освен на автопатиштата и патиштата на крајниот север на Војводина, возачите вечерва ги очекуваат вистински зимски услови, соопштуваат од АМСС и ги потсетуваат возачите на задолжително носење зимска опрема, пренесуваат српските медиуми (фото:РТВ).

На патиштата главно снегот бил околу пет сантиметри, а најдебела снежна покривка имало на подрачјето на општините Нови Пазар, Сјеница, Тутин, Ивањица, Заечар, Књажевац, Пирот, каде што сообраќајот се одвивал во најтешки услови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.