УХМР најавува нов бран врнежи и зголемување на речните водостои
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/8/21 12:20 PM

УХМР најавува нов бран врнежи и зголемување на речните водостои

До крајот на денот и за време на ноќта се очекува нов бран врнежи да ја зафати земјава. УХМР најавува пообилни врнежи во западните делови, каде прогнозира дека е можно да наврнат и над 30 литри на метар квадратен дожд.

Од УХМР очекуваат и зголемување на водостоите не реките, поради што апелира на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците, особено покрај оние во западните делови од државата.

За време на ноќта и утре наутро зголемен водостој се очекува во сливот на Радика, Сатеска, Голема (Ресенска) и Коселска. Зголемен се очекува да биде водостојот и на водотеците и суводолиците кои доаѓаат од планинскиот масив Шар Планина, горниот дел од сливот на реката Вардар, како и во сливот на Треска, Црна и Лепенец. Иако во источните делови врнежите се очекува да бидат послаби, надпросечен водостој се очекува и во сливот на реките Пчиња, Крива, Кумановска, Струмица и Брегалница.

– Водостоите на реките во изминатиов период полека се враќаат на просечните вредности за овој период од годината, но новите количини дожд се очекува значително да го зголемат водостојот пред се на реките во западниот дел од земјата. -Се очекува будење и реакција на сите водотеци во земјава, но сепак најголемото зголемување на водостојот се очекува на реките од крајните западни делови од земјата. Тоа што врнежите на планините ќе бидат во вид на снег претставува позитивна околност и ќе придонесе за намален доток на вода во реките – наведува УХМР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7