ММС

Објавено на: 01/8/21 11:58 AM

Сообраќајна незгода во скопски Аеродром, интервенираа и Противпожарната и Брзата помош

Сообраќајна незгода меѓу патничко возило „сузуки балено” и комбе „фолксваген” се случи утринава на булеварот „Асном” кај хотелот „Хилтон” во Аеродром.

Интервенираше и Противпожарната единица од каде за МИА изјавија дека биле повикани од страна на Брзата помош.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема информации за повредени лица, но од очевидци на терен две лица со возила на Брза помош се пренесени во болница.

На местото на несреќата увид врши екипа на Министерството за внатрешни работи. Оттаму повеќе детали најавуваат за подоцна.

 

Фото:  Архива


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.