ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/8/21 10:43 AM

Хрватска: Изградбата на нови живеалишта на граѓаните чии домови станаа рушевини, ќе чини 800 до 1.200 евра за метар квадратен

На педесет километри од Загреб во серијата земјотреси изминатата едела настрада еден од најсиромашните краеви на земјата. Обновата на Бановина, освен што мора да биде приоритет за да може луѓето да се вратат во своите обновени или новоизградени куќи, мора да биде и прилика за тој крај повторно да стане посакувано место за живот, а тоа значи пред се’, отворање нови работни места.

Тоа го истакнува и потпретседателката на Хрватската стопанска комора за градежништво, сообраќај и комуникации, Мирјана Чагаљ која смета дека во Бановина треба повеќе внимание да се посвети на новите технологии, така што луѓето, особено младите, ќе се вратат. Таа смета дека сега е можност да се создадат модерни населби на местата што се уништени, а кои ќе ги привлечат младите. Реновирањето на куќите во Бановина ќе биде класично. Куќите ќе бидат изработени од тула и бетон или пак, ќе бидат монтажни. Според Чагаљ, заживувањето на Бановина совршено се вклопува во стратегијата и фондовите на Европската комисија за ревитализација на руралните области, за кои е задолжен потпретседателката на ЕК, Дубравка Чуица.

Што се однесува до индустријата што може да ги оживее Петриња и неговата околина и Сисак, Чагаљ вели дека тоа секако се ИТ-индустријата и технолошките паркови.

Реконструкцијата на Бановина е можност за хрватската градежна индустрија и монтажната индустрија за куќи – додава Чагаљ.

Погоните да се преселат таму

Капацитети постојат и класичната и монтажната конструкција може да се комбинираат. Beќе има проблеми со работната сила, ќе биде потребно да се воведат работници и да се преквалификуваат. Но, во секој случај, Хрватска има 10 години работа за изградба и во Загреб и во Бановина, објаснува Чагаљ.

На состанокот со министерот за просторно планирање, градежништво и државен имот Дарко Хорват за реконструкција на Бановина, што се одржа завчера, присуствуваа претставници на градежната индустрија и професија, кои меѓу другото истакнаа дека со обновата на Бановина мора да се направи чекор напред во квалитетот на животот на луѓето што живеат таму.

Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Хрватската, Тихомил Матковиќ на тој состанок рече дека позитивниот аспект на монтажната конструкција е тоа што компаниите можат да ги преместат своите погони во погодените области, да произведуваат на самото место и со тоа да вработат и едуцираат локална работна сила.

„Хрватска чека реконструкција на Загреб и сите капацитети на класичната градежна индустрија ќе бидат окупирани таму. Затоа, неизбежно е да одиме на монтажни конструкции кога станува збор за изградба на семејни објекти. Проблем ќе биде превозот, а посебно значење треба да се даде на реновирање на јавни објекти, што не смее да се занемари бидејќи со тоа се уништува стандардот на граѓаните“, рече Матковиќ.

Доколку погоните за производство на куќи се преселат во Бановина, работата за локалното население, со оглед на обемот на работа, дефинитивно ќе трае со години. Според последните податоци, повеќе од 4.000 семејни куќи и станови биле уништени. А, цената на реновирањето, во зависност од видот на конструкцијата, ќе се движи од 800 до 1.200 евра за метар квадратен по принцип клуч на рака, и тоа за монтажна конструкција, додека класичната конструкција е сè уште нешто поскапа и се движи околу горната граница на тој спектар.

Монтажните објекти претежно ги прават помалите компании, па капацитетот е проблематичен, иако некои од нив уверуваат дека се веќе подготвени да испорачаат до пет куќи неделно.

 

 

Фото:   Al Jazeera

Извор:  blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7