ММС

Објавено на: 01/8/21 9:34 AM

Најчесните патници во Европа: Намалено е „шверцувањето“ во јавниот превоз во Виена

Во текот на изминатата година намален е бројот на лица кои се возеле без билет во јавниот превоз во Виена. Во годината што ја одбележа пандемијата со коронавирусот, повеќето патници купиле билет за користење на јавниот превоз. Само два отсто од патниците се фатени како се шверцуваат – соопшти градскиот превозник Wiener Linien.

Повеќе од сто контролори секојдевно ги контролирале патниците во мрежата на јавниот превоз во Виена. Тие што биле фатени без билет морале да платат казна во висина од 105 евра, а оние коишто не можеле или не сакале да платат веднаш, биле казнети со парична казна од 115 евра.

„Системот на јавниот превоз се потпира на фер однесувањето на граѓаните, а тоа го штитиме. Кого ќе затекнеме без билет, му го издаваме нашиот најскап билет“, изјави директорката на Wiener Linien, Александра Рајнагл.

Во текот на ланската година контролирани се над 3 милиони патници, а во споредба со 2019. година тој број изнесувал околу 4,9 милиони.

Според Wiener Linien, жителите на Виена се очигледно меѓу најчесните патници во Европа. Во Берлин околу три проценти од патниците во тамошниот градски превоз се шверцуваат,  во Франкфурт пет проценти, а во Париз дури 10.

 

 

Фото:  Twitter /  QWest

Извор:     blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.