ММС

Објавено на: 01/8/21 9:16 AM

Се огласи портпаролката на Трамп: Најостро го осудуваме „неамериканското“ однесување

Портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп, Кејли Мекени соопшти дека и тој и целата администрација го осудуваат насилството во Конгресот. Протестот го оценуваат како „неамериканско“ однесување, барајќи кривично да бидат гонети сите оние што го прекршиле законот.

„Ние тоа го осудуваме, претседателот и оваа администрација се со најостра можна осуда“, изјави Мекени, обраќајќи им се на новинарите.

Таа додаде дека таквото однесување на демонстрантите е неприфатливо и дека оние што го прекршиле законот би требало да бидат процесуирани. Мекени сепак одби да одговара на новинарските прашања.

 

Извор:   kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.