ММС

Објавено на: 01/7/21 6:51 PM

Трамп блокиран на Фејсбук и Инстаграм до промена на власта

Откако Фејсбук вчера ги отстрани објавите на Доналд Трамп, основачот на оваа платформа, Марк Закерберг, исто така, објави дека неговите сметки на Фејсбук и Инстаграм ќе останат блокирани најмалку две недели, сè додека не се случи мирна транзиција на власта.

По синоќешните објави  на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, во врска со немирите пред и во зградата на Конгресот во Вашингтон и блокадата на Фејсбук, основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека е шокиран од настаните во последните 24 часа.

Претседателот Трамп има намера да го искористи преостанатото време на функцијата за да ја наруши мирната и законска транзиција на власта со неговиот наследник Џо Бајден.

„Неговата одлука да го искористи својот профил за одобрување, наместо да ги осуди постапките на неговите приврзаници во зградата во Капитол со право ги вознемири луѓето во Соединетите држави и ширум светот. Ние вчера ги отстранивме овие изјави затоа што проценивме дека нивниот ефект и веројатно нивната намера се’ со цел да предизвикаат понатамошно насилство.

„По потврдувањето на изборните резултати на Конгресот, приоритет на целата земја треба да биде да се осигура да преостанатите 13 дена и денови по инаугурацијата  поминат мирно и во согласност со утврдените демократски норми“, рече Цукерберг.

фото-mk.voanews.com

нова.рс

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.