ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/7/21 4:44 PM

Двајца малолетници пукале со воздушна пушка, истрел погодил еден од нив

Двајца малолетници во атарот на село Врапчиште пукале со воздушна пушка, еден истрел погодил еден од малолетниците. Повредениот е префрлен во болница а полицијата го расчистува случајот.

„На 06.01.2021 во 14.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во приватна болница „Систина“ на 05.01.2021 донесено е повредено лице од огнено оружје. Според пријавата, на 05.01.2021 околу 15.30 часот во помошен објект во атар на с.Врапчиште, 16 годишен малолетник од с.Врапчиште ракувајќи со воздушна пушка со еден истрел погодил друг малолетник од с.Врапчиште, “ се вели во информацијата на Полицискиот билтен.

По настанот повредениот е префрлен во приватна болница „Систина“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистувaње на случајот.

фото-правдико.мк


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7