ММС

Објавено на: 01/6/21 2:43 PM

Догодина како што доликува, порача д-р Никола Пановски, годинашниот кум на Бадник

По осветувањето на погачата во Соборниот храм во Скопје, д-р Никола Пановски, годинешниот кум на Бадник, посака следната година овој голем христијански празник да се одбележи како што доликува.

– Одиме на подобро. Секој ден ќе биде полесен од претходниот. Само уште малку трпение да не ја расипеме работава на крај. Имаме поубава година и до година да се собереме како што приличи на секој Бадник, изјави Пановски.

Традиционално со кочија и бадниковиот куп, Пановски заедно со најтесното семејство замина од Соборниот храм.

На денешното одбележување на Бадник во Соборниот храм присуствуваше и годинашниот здравичар Миодраг Врчаковски.

Поради пандемијата, со почитување на сите заштитни мерки и протоколи, годинава Бадник се одбележа со ограничен број на посетители.

Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.