ММС

Објавено на: 01/6/21 1:25 PM

Албанските емигранти за враќање во Грција, транзит го користат ГП Ќафасан

На граничниот премин Ќафасан на македонско – албанската граница кај Струга, во изминатите денови регистрирана е невообичаено голема фрекфенција на патници и возила, јавија албанските медиуми. Патниците главно се албански емигранти, кои по празниците минати во родните места се враќаат во Грција, каде што живеат и работат.

– Емигрантите од централниот и југоисточниот дел на земјата транзит ја користат територијата на Северна Македонија за да се вратат на работа во Грција по празниците. Тоа од причина што преминот Капштица со Грција, кај Корча, е затворен и емигрантите Северна Македонија ја користат како транзит, наведуваат медимите.

Но,тоа не е единствената прчина, се наведува, според емигрантите транзитот преку македонска територија им заштедува повеќе од час и половина.

Зголемена фрекфенција за повеќе од двапати е забележана и на премините Блато и Џепиште-Требиште кај Дебар.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.