ММС

Објавено на: 01/5/21 4:51 PM

МВР: Забранети се собирања на отворен и затворен простор за време на претстојните празници

Од МВР денеска во пресрет на божиќните празници ги потсетуваат гражаните дека е забранета е организација и одржување на прослави на јавни места и површини, како и организација и одржување каков било друг тип прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година.

Од МВР информираат дека оваа забрана е согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РСМ, број: 298 од 16.12.2020 година).

-Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата на Република Северна Македонија, МВР ги информира граѓаните дека сѐ уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса  mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници, информираат од МВР.

МВР, велат оттаму, ценејќи ја заложбата на граѓаните во насока на спречување на пандемијата и зачувување на јавното здравје, уште еднаш упатува апел до населението да се воздржи од групни собирања и да ги почитува мерките на Владата, а сѐ со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.