ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/18/18 8:45 AM

Драмска работилница за деца во Капиштец

 Децата од општина Центар ќе глумат и ќе гледаат театарска претстава на драмската работилница, која ќе се одржи денеска во 18:30 часот, во паркот Капиштец, во рамки на циклусот од седум настани „На одмор сум во Скопје сум – Општина Центар мисли на мене“.

Организатор е локалната самоуправа, а целта е на интересен и креативен начин да ги едуцираат децата за време на училишниот распуст и да поттикнат дружење на возрасните.

– Преку работилница ќе ја доближиме оваа уметност до најмладите. Да дознаат и научат што се треба да се направи за реализацијата на претставата преку поставување драмска игра и кореографија, наведуваат од Општината.

Во рамки на цисклусот досега се одржани две работилници – музичка и ликовна, на кои присуствувале по најмалку 200 деца.

 

Извор:МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1