ММС

Објавено на: 01/5/21 3:30 PM

Се уште не се знае кога земјава ќе добие свој воен претставник во НАТО, Шекеринска вели дека сертификацијата трае подолго време

Се уште не се знае кога државава ќе добие воен претставник во НАТО, бидејќи добивањето на безбедносен сертификат трае поголго време. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека досега се испратени три групи од четириесетина луѓе од Министерството за одбрана и од Армијата. Дел од нив досега добиле сертификати, а за дел постапката е во тек.

– Ние имавме и еден вработен од МО на кој директно му беше одбиен сертификатот, меѓутоа не сме ние тие кои што ги соопштуваме или образложуваме тие одлуки, тоа е дел од работењето во рамки на една поширока Алијанса. Чекаме процесите да завршат и се разбира дека водиме разговори и со кабинетот на претседателот околу одлуката за наш воен претставник, рече Шекеринска при денешната посета на лесниот Пешадиски батаљон во Штип.

Таа смета дека нашето воено претставништво во Брисел  е релативно пополнето, а бројката расте. Во тек е избор на уште еден полковник и уште двајца подофицери.

– Најголемиот дел од лицата кои ги праќаме на реветинг веќе имале НАТО сертификати, но кога не сме биле членка на НАТО. Да станете членка од ваква Алијанса со многу поголем пристап до информации кои што се чувствителни, високо класифицирани, не е лесно, па затоа овој процес ниту е брз ниту е лесен, рече Шекеринска.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.