ММС

Објавено на: 01/5/21 9:37 AM

(галерија) Мебел од масивно дрво, кожени гарнитури и уметнички дела го красат министерството на Груби

Барконата зграда во центарот на Скопје во близина на МНР, дел од проектот „Скопје 2014“ од вчера е трајна сопственост на Министерството за политички систем и односи со заедниците, предводено од првиот вицепремиер Артан Груби. „Министерство со 1.410 вработени од кои само 44 одат на работа“, така го нарекоа во коментарите граѓаните, потсетувајќи на фактот дека ова е институција позната по „вработувањата по рамковен“, кои десетина години примаат плата, а не одат на работа.

Со вчерашното вселување во новата зграда, вицепремиерот Груби ја покажа внатрешноста. Кожени гарнитури, мебел од масивно дрво вклучувајќи го и неговато работно биро со Apple лап топ, десетина уметнички слики и полици со скултурата на Мајка Тереза.

„Се надевам дека ќе останете подолго во ова министерство и ќе може да промените нешто за нас, кои сме без државјанство близу три децении. Ова се однесува на голем број Албанци, кои се родени во паранешна Југославија, на кои државата им го негира државјанството“, му пиша на Груби под фотографиите Сулејман Тершана.



Во оваа зграда се очекува да се вечат и вработените во Агенцијата за отварување на правата на заедниците, Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците, Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, како и Националниот албански ансамбл.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.