ММС

Објавено на: 01/5/21 8:16 AM

Експерти бараат истрага поради притисокот на Трамп за промена на изборниот резултат

Искусни обвинители, адвокати, правни експерти и некои официјални лица повикаа на кривична истрага за да се утврди дали претседателот, Доналд Трамп ги прекршил законите за изборни измами кога во саботата ги повика претставниците на Џорџија да „пронајдат“ 11.870 гласови, кои би го промениле изборниот резултат во негова корист, пренесува Си-Ен-Ен.

Иако патот до федералните кривични постапки против сегашниот претседател не би бил лесен, официјални лица во Џорџија наведуваат дека државата размислува да спроведе сериозна истрага за овој случај, кој веќе е проследен до Федералното истражно биро (ФБИ).

И додека реализацијата на истрагата се’ уште е можна, другата работа е докажувањето на намерата на Трамп да изврши кривично дело, наведува американската телевизија.

Актуелниот претседател на Соединетите држави најверојатно би се соочил со порота доколку биде обвинет, а обвинителите би морале да докажат што точно сакал да каже со тој повик.

Кривичното гонење на поранешните претседатели во САД е нечуено во модерното време, а претседателството има огромна моќ што го штити Трамп, додава Си-Ен-Ен.

Новоизбраниот претседател Џозеф Бајден посочи дека би сакал земјата да оди напред, а не да се занимава со скандалите од времето на мандатот на Трамп и дека одлуките ќе ги остави на Министерството за правда. Доколку биде инициран, случајот против Трамп може да потрае.

„Во случај тој навистина да победи на изборите преку измама, докажувањето дека неговата намера може да биде тешка задача за обвинителството“, наведува американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен.

 

Извор:   nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.