ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/18/18 8:03 AM

Временска прогноза: Сончево со умерена облачност и северозападен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северозападен ветер. УВ индексот ќе биде 8.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 20 степени, а дневната температура од 21 до 32 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе достигне до 17, а дневната температура до 29 степени.

Следува период на стабилно време. До петок  ќе биде ветровито со засилен северен ветер и со пониски дневни температури. За време на викендот ќе биде сончево и значително потопло. Од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1