ММС

Објавено на: 01/4/21 10:19 AM

Во Скопје казни за 210 возачи, 78 не почитувале брзина на движење

На територија на Град Скопје вчера се казнети 210 возачи во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот – соопшти денеска МВР.

Според полицијата, казнети се 78 возачи за управување со брзина поголема од дозволената, 22 за возење без возачка дозвола, 17 за нерегистрирани и технички неисправни возила.

Изречени се 10 санкции за управување под дејство на алкохол, 12 за користење на мобилен телефон и пет мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

 

Фото:  Facebook/ Министерство за внатрешни работи


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.