ММС

Објавено на: 01/3/21 2:11 PM

Заев: Уште утре ќе организираме масовна солидарна акција, за расчистување и за возобновување на „Глобал“

Премиерот Зоран Заев заедно со градоначалникот на општина Струмица, директорот на Коминалното претпријатите, Дирекцијата за заштита и спасување, началникот на СВР Струмица, Командирот на Територијајалната против пожарна единица на Струмица, излегоа да направат увид и како што рече Заев, заедно да испратиме пораки за помош и солидарност.

„Струмица ја затекна сериозна катастрофа и несреќа преку пожар кој избувна синоќа во доцните часови со тенденција да се закани да изгори целиот објект, но и објектите во густо населеното градско подрачје. Можеа да видат граѓаните каква огнена стихија се случуваше, прво материјалните штети се огромни, наненсени се непорпавливи економски штети, деловни субјекти кои живеат и работат овде ја вадат својата егзистенција. Комуналното претпријатите кое што го управува пазарот доле и на сите кои имаа свои сопствени тезги. Добро е што нема повредени и изгубено човечки животи“, рече Заев и испрати благодарност до Територијалната против пожарна единица која со 6 возила и 38 луѓе се бореше со огнената стихија од сите страни.

„Глобал“ е симболот на модерна Струмица, струмичкиот пазар е местото на собирање на Струмичани овде живее струмичкиот дух, вели Заев и најави солидарност и сполотеност од страна на бизнис секторот, Владата, општината и граѓаните за да го возобноват трговскиот центар.

„Доаѓаат Божиќни празници, празници на помагање, солидарност, цела Струмица, целата струмичка деловна заедница, општината, Владата сите институции солидарно ќе се организриаме да го возобновиме економскиот живот на многу наши струмички семејства. Сакам да знаат граѓаните кои изгубија се овде во овој пожар, а тоа е се што имаат создадено во својот живот, дека уште утре организираме масовна солидарна акција, и за расчистување и за возобновување на „Глобал“ и солидарна акција со финансиско помагање со сите можни аспекти кои ни стојат на располагање. Јас сум убеден дека многу брзо ќе го вратиме во нормала овде животот во „Глобал“ и сите граѓани кои имаат уништено свои имоти ќе ги вратиме во првобитната состојба“, рече Заев.

Г.Д

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.