ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/18/18 7:28 AM

Тројца загинати при уривање на шесткатница во изградба во Њу Делхи

Најмалку три лица загинаа во индискиот главен град Њу Делхи, при уривање на шесткатница во изградба. која падна врз соседна помала зграда.

Во времето на несреќата, на објектот во изградба имало 12 работници.

Стотина спасувачи работат по потрага по лица за кои се стравува дека се затрупани под остатоците на двете згради.

Полицијата ги повика на сослушување трите лица одговорни за изградба на новата зграда.

 

Извор:МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1